• среда, 27 ноември 2024

Петмина српски пратеници се набљудувачи на изборите во Русија

Петмина српски пратеници се набљудувачи на изборите во Русија

Белград, 15 март 2024 (МИА)- Делегацијата на Народното собрание на Србија отпатува за Москва, каде што ќе биде дел од набљудувачката мисија на претседателските избори, кои започнаа во четвртокот вечерта и ќе траат до недела, јави дописникот на МИА од Белград.

Петчлената делегација на Србија ја сочинуваат српските пратеници Милимир Вујадиновиќ и Владимир Ѓукановиќ од Српската напредна партија, Бојан Торбица од Движењето на социјалистите на Александар Вулин (кој е на црната листа на САД), Лидија Шарац од Српската народна партија на Ненад Поповиќ (исто така на црната листа на САД поради штетни активности повразни со Русија) и Дијана Радовиќ од Социјалистичката партија на Србија на Ивица Дачиќ, соопшти Советот на Федерацијата на Сојузното собрание на Русија.

Српската делегација се сретна со шефицата на групата за соработка на Советот на Федерацијата и Народното собрание на Србија, Елена Атанасјева и членката на Советот Олга Епифанова.

Атанасјева ги истакна посебните односи меѓу Русија и Србија, наведувајќи дека е потпишана Декларацијата за стратешко партнерство и истакна дека руските сенатори сметаат дека меѓупарламентарната соработка со Србија се зајакнува во сите области.

Српските пратеници високо го оценија нивото на билатералните односи и изразија подготвеност да продолжат со контактите со нивните руски колеги. об/сд/

Остани поврзан