• четврток, 05 септември 2024

Петмина загинати во израелска операција на Западниот Брег, јави палестинската Црвена Полумесечина

Петмина загинати во израелска операција на Западниот Брег, јави палестинската Црвена Полумесечина

Рамала, 5 септември 2024 (МИА) - Пет лица загинаа, а еден е тешко повреден при напад во Тубас, во северниот дел на окупираниот Западен Брег, каде израелската армија потврди дека спровела операција.

„Петмина загинаа, а еден е тешко повреден при напад врз возило во Тубас“, се наведува во соопштението на палестинската Црвена Полумесечина.

Од своја страна, израелската армија соопшти на Телеграм дека извела „три удари врз вооружени терористи“ кои претставувале закана за нејзините војници во областа Тубас.

Израелските сили го нападнале бегалскиот камп „Фараа“ во областа Тубас.

На 28 август, израелската армија започна голема операција во северниот дел на Западниот Брег – палестинска територија окупирана од Израел од 1967 година. Во саботата, армијата извести за смртта на еден од нејзините војници во Џенин.

Според податоците на палестинското Министерство за здравство, од почетокот на операцијата се убиени најмалку 30 Палестинци, а 140 се повредени.ссм/

фото: архива

Остани поврзан