• среда, 25 декември 2024

Петкоска: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе Предлог-закон за изменување на Законот за трговија

Петкоска: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе Предлог-закон за изменување на Законот за трговија
Скопје, 18 април 2022 Статистиката покажува дека во недела и за време на празник, посетителите се слободни и своето време го користат за туризам и купување во туристичките места. Од таа причина, сакаме да ја информираме јавноста дека денес ќе поднесеме Предлог-закон за изменување на законот за трговија. Со Законот за трговија се уредуваат условите и начинот за вршење на трговија на внатрешниот и надворешниот пазар, мерките на ограничување на вршење на трговијата и заштитните мерки. Во рамки на делот за вршење трговија, законот го уредува и работното време на трговците. Имајќи предвид дека туризмот доживеа удар со Ковид мерките, сметаме дека со последните измени на Законот за трговија се создаде голем и тежок удар на и онака кревката туристичка и трговска дејност која се извршува во малите дуќани низ туристичките места, за кои недела и празник се денови во кои има најголема фрекфенција на купувачи. Од причини што туристичките места ги посетуваат бројни домашни и странски туристи кои доаѓаат најчесто за време на викенд и празници, односно повеќе само на еден ден, а тој ден е токму недела или празник, на барање на туристите и трговците од туристичките места за подобрување на состојбата во оваа област, поднесуваме Предлог-закон согласно кој трговијата на мало ќе може да се врши и во недела во туристичките места утврдени со законот за туристичка дејност. Го повикуваме владеачкото мнозинство да го поддржи овој Предлог закон со цел да се помогне на туристичкиот развој и економијата кои благодарение на оваа владејачка гарнитура се на колена. Изјава на Лидија Петкоска, пратеничка на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан