• вторник, 24 декември 2024

Петков ја пофали Генчовска за напредокот во преговорите за европската иднина на Северна Македонија

Петков ја пофали Генчовска за напредокот во преговорите за европската иднина на Северна Македонија

Софија, 8 јуни 2022 (МИА) - Бугарскиот премиер Кирил Петков ја пофали денеска министерката за надворешни работи Теодора Генчовска од „Има таков народ“ за напредокот во преговорите за европска иднина на Северна Македонија.

Во интервју за БТВ, премиерот на Бугарија нагласи дека нејзините неодамнешни разговори во Скопје, во изминатиот викенд, ги доближиле можностите за европските партнери да се согласат првата меѓувладина конференција да се одржи дури по промената на Уставот во Северна Македонија.

- Министерката за надворешни работи Теодора Генчовска има разговарано дека само доколку се промени Уставот на Република Северна Македонија ќе се одржи првата меѓувладина конференција за која гарантираат нашите европски партнери, ова го изјави премиерот Кирил Петков во програмата „Лице в лице“, неколку часа откако коалицискиот партнер од „Има таков народ“ се повлече од владината коалиција.

Тој го оцени тоа како невиден успех за тимот на Министерството за надворешни работи, кој во моментов е само на ниво на предлог.

-Односно пред ваква средба Бугарите треба да бидат вклучени во Уставот и тоа да го гарантира Европа, додаде премиерот Петков.

Тој посочи дека сите нови можности за кои се разговара, сакал да бидат на една маса од сите,додавајќи дека тоа е новиот предлог што сака да го коментира.  зш/дма/

Остани поврзан