Петков: Нема да донесам независна одлука, ќе ја следам волјата на Собранието
- Премиерот на Бугарија Кирил Петков во интервју за Бугарската национална телевизија рече дека без бугарскиот Парламент нема да има одлука, јави дописникот на МИА од Софија.

Софија, 17 јуни 2022 (МИА) - Премиерот на Бугарија Кирил Петков во интервју за Бугарската национална телевизија рече дека без бугарскиот Парламент нема да има одлука, јави дописникот на МИА од Софија.
-Како премиер нема да донесам никаква одлука ако не ја донесе бугарскиот Парламент. Единственото нешто што ќе го кажам на масата со европските лидери е дека нема да го сменам бугарскиот став доколку нема одлука од бугарскиот Парламент, изјави Петков.
Рече дека доколку е вистина тоа што го слушнал, во францускиот предлог ќе има гаранции за Бугарите во Република Северна Македонија - и во однос на антидискриминацијата и во однос на Уставот на земјата.
Како што рече, не го прочитал францускиот предлог, кој е испратен директно до Собранието.
-Нема да донесам никаква независна одлука. Ќе ја следам волјата на бугарскиот Парламент, изјави Петков. нк/хс/