• понеделник, 23 декември 2024

Пети: Мбапе не е достоен да биде капитен на Франција

Пети: Мбапе не е достоен да биде капитен на Франција

Минхен, 9 јули 2024 (МИА) - Поранешниот француски репрезентативец Емануел Петит го критикуваше капитенот на „петлите“, Килијан Мбапе и уште еден од лидерите на тимот, Антоан Гризман, поради лошиот настап на ЕП 2024.

-Мбапе мора да игра на следниот меч, но само затоа што противник е Шпанија. Против Португалија беше заменет на паузата во продолженијата кога требаше многу порано да го заменат. Физички не е добро, а му пречи и скршениот нос. Неговото ниво е недостојно за капитен на тимот. Не презема доволно одговорност на теренот. На ЕП 2024 не го покажува најдоброто од себе, изјави легендарниот фудбалер на Арсенал.

Тој потоа се сврте кон настапите напаѓачот на Атлетико Мадрид.

-Гризман е столб на тимот, но е многу слаб од почетокот на Европското првенство. Не може да направи ниту едно клучно додавање, а тоа е неговата најсилна страна, прокоментира Пети за РНД, кој е светски шампион од 1998 година и европски шампион од 2000 година.  дс

Фото: Архива

Остани поврзан