• вторник, 24 декември 2024

Песков: Размената на обвинувачка реторика меѓу САД и Кина е невкусна

Песков: Размената на обвинувачка реторика меѓу САД и Кина е невкусна
Москва, 28 мај 2020 (МИА) - Русија денеска ги повика Соединетите Американски Држави и Кина да соработуваат затоа што нивната размена на обвиненија, како што соопшти Кремљ, е „невкусна“ во период на пандемија на коронавирус. - Во рамки на заедничките напори за борба против пандемијата на коронавирус, тоа изгледа невкусно, изјави Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин, одговарајќи на прашање во врска со односите меѓу Вашингтон и Пекинг, јави ТАСС. - Секако, ние повеќе сакаме да видиме интеракција, соработка и меѓусебна помош наместо овие размени, рече Песков. Тој потсети дека Москва развива блиски и партнерски односи со Пекинг и дека и понатаму ќе го прави тоа. - Ние соработуваме и си помагаме едни на други во борбата против коронавирусот, во развојот на вакцина. Разменуваме информации. Исто така, имаме контакти со Американците, додаде Песков. паг/      

Остани поврзан