• сабота, 23 ноември 2024

Песков: САД тешко да се прилагодуваат на мултиполарниот свет

Песков: САД тешко да се прилагодуваат на мултиполарниот свет
Москва, 13 ноември 2020 (МИА) - Соединетите Американски Држави, како поранешен хегемон на меѓународната сцена, тешко се прилагодуваат на реалноста на мултиполарниот свет, што резултира со колапс на меѓународните институции, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Во интервју за телевизијата РТ, тој предупреди дека не треба да се фокусираме само на руско-американските односи и повика на поширок поглед на ситуацијата, особено на фактот дека светот е во процес на транзиција, пренесува ТАСС. - Некои земји цело време се стремат кон улогата на меѓународните институции. Исто така, постојат земји чија улога се намалува, а има и такви чија улога расте. А, некои меѓународни институции целосно ја губат својата улога, рече Песков. Тој посочи дека Обединетите нации се единствената меѓународна институција без која светот не може. Според него, други темелни институции се Советот за безбедност и петте постојани членки на Советот за безбедност на ООН со право на вето. паг/

Остани поврзан