• петок, 05 септември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Песков: Односите со Киев ќе се одредат по исполнување на целите на  „специјалната воена операција“

Песков: Односите со Киев ќе се одредат по исполнување на целите на  „специјалната воена операција“

Москва, 27 јули 2025 (МИА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека идните односи меѓу Русија и Украина ќе бидат дефинирани дури по завршување на задачите од, како што ја нарече, „специјалната воена операција“.

- Во моментов, ова е премногу теоретско прашање. Прво мораме да ги решиме задачите што ги постави операцијата. Најпосакувано е тоа да се постигне со политички и дипломатски средства, но тие станаа невозможни откако беа одбиени сите наши предлози за дијалог – и од Украина и од Западот, рече Песков. ссм/

фото: архива

Остани поврзан