• петок, 05 декември 2025

Перу прогласи вонредна состојба во Лима поради пораст на насилството

Перу прогласи вонредна состојба во Лима поради пораст на насилството

Лима, 22 октомври 2025 (МИА) – Претседателот на Перу, Хосе Хери, прогласи вонредна состојба во Лима во траење од 30 дена, во обид да се запре бранот на насилство што ја зафати земјата и придонесува за социјални немири, соопшти денеска владата во Лима.

Во телевизиско обраќање, Хери најави дека вонредната состојба ќе вклучува можно распоредување на војската за поддршка на полицијата, како и ограничување на одредени уставни права, вклучувајќи ја слободата на собирање и движење.

- Војните се добиваат со дела, а не со зборови, порача Хери, додавајќи дека владата преминува „од одбрана во офанзива“ во борбата против организираниот криминал. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан