• сабота, 23 ноември 2024

Перуанци купиле осум станови во Менхетн за 27 милиони долари

Перуанци купиле осум станови во Менхетн за 27 милиони долари
Њујорк, 16 април 2020 (МИА) - За време на вонредната состојба во Њујорк, семејство од Перу во Менхетн купи осум луксузни станови во една зграда, за 27 милиони долари. Поради корона-кризата и падот на цената на недвижностите, купувачот заштедил повеќе од два милиона долари. Марија Веласкез, агентка на семејството, рече дека тие добиле седум отсто попуст на цената, меѓу другото, и затоа што купиле поголем број станови. - Целиот договор и трансакцијата беа завршени за еден ден, нагласи Веласкез. Семејството, кое сака да остане неименувано, сакајќи да ги задржи своите пари безбедни за време на епидемијата, но и неверувајќи им на банките, решило да инвестира во станови. Апартманите што ги купиле зафаќаат површина од 1.000 квадратни метри и имаат една до три спални соби.  си/ссм/

Остани поврзан