• понеделник, 23 декември 2024

Перишиќ пред разделба со Хајдук

Перишиќ пред разделба со Хајдук

Сплит, 13 август 2024 (МИА) - Легендарниот хрватски фудбалер го напушти сплитски Хајдук, само неколку месеци по враќањето во овој клуб, потврди спортскиот директор Никола Калиниќ.

Како големо засилување, во Хајдук пристигна Иван Перишиќ, иако по пристигнувањето се повреди, па од него се очекуваа најдобри партии во новата сезона. 

Некаде дојде до раздор меѓу него и Џенар Гатузо, новиот тренер на Хајдук, а сега пристигна и официјалната потврда дека легендарниот играч ќе го напушти Сплит. 

-Жалиме што се создаде атмосфера која крајно негативно се одрази на клубот, но особено на Иван и неговото семејство, кои незаслужено доживеаја бројни непријатности. Од првиот ден се знаеше дека Иван најверојатно ќе остане до крајот на летото. За жал, во последните неколку дена имаше несогласувања кои резултираа со меѓусебен договор, па двете страни мирно заклучија дека соработката нема да продолжи. Во наредните денови ќе донесеме одлука дали разделбата ќе биде во форма на трансфер или меѓусебен раскин на договорот, изјави Калиниќ.

Италијанскиот стручњак на клупата на хрватскиот клуб, Гатузо неодамна потврди дека дошло до раскол.

-Пред 20 дена дојде во мојата канцеларија и ми рече дека би сакал да замине. Ако некој не сака да остане, тогаш морам да го почитувам остатокот од тимот, а во соблекувалната има правила кои треба да се почитуваат. Му дадов шанса да игра 20, 35, 65 минути. Ако играчот изрази желба да си замине, тоа може да доведе до погрешна перцепција, објасни Гатузо.

Да потсетиме, Перишиќ има настапувано за Сошо, Клуб Бриж, Борусија Дортмунд, Волфсбург, Интер, Баерн Минхен и Тотенхем. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан