• петок, 26 јули 2024

Јавниот повик за општините по ребалансот на Буџетот, на располагање ќе ги имаат првите 100 милиони евра

Јавниот повик за општините по ребалансот на Буџетот, на располагање ќе ги имаат првите 100 милиони евра

Скопје, 8 јули 2024 (МИА) - Приоритетите на општините и нивната подготвеност да реализираат проекти, коишто ќе бидат финансирани со средства од јавниот повик кој веќе го подготвува Министерството за локална самоуправа, биле во фокусот на денешниот состанок на министерот за локална самоуправа Златко Перински со градоначалниците од Скопскиот плански регион, соопштија од Владата.

- Јавниот повик ќе биде објавен веднаш по ребалансот на Буџетот и на општините ќе им бидат достапни првите 100 милиони евра за реализација на готови проекти. Убеден сум дека општините ќе аплицираат со квалитетни и корисни проекти кои што ќе одговорат на потребите на граѓаните, истакнал Перински. 

Посочил дека Владата во континуитет ќе ги поддржува општините и дека фокусот треба да биде ставен на подготовка на добри проекти и проектна документација. 

- Владата и Министерството за локална самоуправа се подготвени и ќе инвестираат во квалитетни инфраструктурни објекти коишто ќе направат разлика и ќе го подобрат квалитетот на живеење во општините. Така ќе го поттикнеме развојот и на локално и на ниво на плански региони. Рамномерниот развој бара сериозни вложувања, нашите ветувања ги реализираме веднаш затоа што имаме за цел секоја општина да ги искористи сопствените потенцијали и да биде атрактивно место за живеење и за вложување во развојот, нагласил Перински. дма/бак/

Фото: Влада

Остани поврзан