• среда, 27 ноември 2024

Пердју: Северна Македонија е суверена држава и повеќе не треба да се вознемирува

Пердју: Северна Македонија е суверена држава и повеќе не треба да се вознемирува
Скопје, 30 јануари 2021 (МИА) - Северна Македонија е суверена држава и повеќе не треба да се вознемирува или командува, ова во интервју за Бугарското национално радио (БНР) го изјави поранешниот амбасадор на САД во Бугарија, Џејмс Пердју, кој е и еден од посредувачите во разговорите за Охридскиот договор. На прашањето дали спорот меѓу Софија и Скопје е голем проблем за Вашингтон, тој одговори дека тоа е големо разочарување. -Верувам дека е во интерес на Бугарија да биде чувар за каузата на Република Северна Македонија да постигне членство во ЕУ. Колку на некои луѓе да не им се допаѓа, тоа е суверена држава и повеќе не треба да се вознемирува или командува, откако веќе го реши спорот за името со Грција. На Република Северна Македонија и на Бугарија многу повеќе им прилега да бидат блиски сојузници отколку да се караат околу историјата, рече Пердју. Тој додаде дека „Русија одлучи да го претвори Балканот во зона на стратешка битка за влијание со САД и нивните сојузници“. дма/мд/

Остани поврзан