• недела, 22 декември 2024

„Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев вечер во НОБ

„Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев вечер во НОБ

Скопје, 27 септември 2024 (МИА) - На сцената на Националната опера и балет вечер ќе се изведе современата балетска бајка за сите возрасти „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев.

Приказната за „Пепелашка“ е во кореографија на гостинот од Србија, Александар Илиќ. Костимографијата е на Катерина Радошевиќ Галиќ од Хрватска, а сценограф е Филип Коруновски. Дизајн на звук е на Георг Драушник од Хрватска, дизајн на светло на Милчо Александров, асистент-кореографи се Саша Евтимова и Мојца Мајцен од Словенија, репетитори се Саша Евтимова и Дафина Данилоска-Кочевска. Асистент-костимограф е Ангела Богеска.

Приказната за „Пепелашка“ на нашата сцена ќе ја пренесат Наташа Трендафилова Гицев (Христина Наќевска), Игор Веланоски, Саша Евтимова, Ангела Богатинова, Ендру Кук (Англија) , Кристијан Јангос, Драган Кочоски,  Гала Кочевска, солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Александар Илиќ, кореографот на балетот „Пепелашка“  вели дека оваа поставка на „Пепелашка“ не е класична верзија, туку е создадена во еден посовремен контекст.

-Нашата „Пепелашка“ ја сместивме во една потполно поинаква временска рамка, во 70-тите години на минатиот век. Поточно, во време на популарноста на филмот „Брилијантин“, со најпознатата улога на Џон Траволта, и со самото тоа се поигравме со нашата „Пепелашка“ во тоа време“, се вели во соопштението на НОБ. бт/мд/

Фото: Национална опера и балет

Остани поврзан