• недела, 21 јули 2024

„Пепелашка“ - нова балетска премиера на Националната опера и балет

„Пепелашка“ - нова балетска премиера на Националната опера и балет
Скопје, 17 ноември 2022 (МИА) - На сцената на Националната опера и балет на 19 ноември премиерно ќе биде изведена балетската претстава „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев, која е најновата балетска продукција на оваа национална културна установа. По повод премиерата денеска во фоајето на Националната опера и балет ќе се одржи прес-конференција на која ќе присуствува авторскиот тим. Станува збор за современиот балет во три слики „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев, кој првпат се поставува на сцената на Националната опера и балет. Балетската премиера „Пепелашка“ e закажна за 19 и 25 ноември со почеток во 19.00 часот. вг/мд/

Остани поврзан