• сабота, 23 ноември 2024

Пентагон се уште ја проучува наредбата на Путин за ставање на готовност на силите за нуклеарно одвраќање

Пентагон се уште ја проучува наредбата на Путин за ставање на готовност на силите за нуклеарно одвраќање
Вашингтон, 28 февруари 2022 (МИА) - Пентагон се уште ја проучува наредбата на рускиот претседател Владимир Путин да ги стави на готовоност силите за нуклеарно одвраќање и дека белоруските трупи се уште не се приклучиле на конфликтот во Украина. „Ние се уште го следиме ова колку што можеме внимателно со оглед на вчерашната најава на претседателот Путин“, изјави висок претставник на американската одбрана. „Не верувам дека видовме нешто конкретно како резултат на насоката што тој ја даде“, изјави тој на брифинг, јавија американските медиуми. Вчера, четири дена по започнувањето на инвазијата на Украина, Путин објави дека им наредил на своите воени началници „да ги стават силите за одвраќање на руската армија во посебен режим на борбена служба“. Но, западните власти велат дека нема видлива промена во ставот на моќниот нуклеарен арсенал на Русија. аа/

Остани поврзан