Пентагон: Иран заплени, па ослободи американски поморски дрон
- Пентагон денеска соопшти дека ирански брод запленил поморски беспилотно летало на американската морнарица, но дронот бил ослободен откако на местото на инцидентот биле испратени американски п

Вашингтон, 30 август 2022 (МИА) - Пентагон денеска соопшти дека ирански брод запленил поморски беспилотно летало на американската морнарица, но дронот бил ослободен откако на местото на инцидентот биле испратени американски патролен брод и хеликоптер.
Дронот „Сејлдрон експлорер“ (Saildrone Exlporer) опремен со сензори, радари и камери се наоѓал во меѓународните води на Персискиот Залив и собирал навигациски и други податоци, се наведува во соопштението на Централната команда на американската Петта флота.
Дронот е опремен со цврсто крило, што наликува на едро високо пет метри, кое има соларни панели, се движи со помош на сончева енергија и ветер и може да врши мисија до една година, а со него се управува и од далечина. Дронот може да собере широк опсег на океански, метеоролошки и навигациски податоци, како и стратешки информации.
Во соопштението на Петтата флота се наведува дека дронот е во сопственост на американската Влада, но дека технологијата е комерцијално достапна и не содржи чувствителни или доверливи информации. ми/