• недела, 15 февруари 2026

Пензионери со ниски примања добија пакети со прехранбени производи од градоначалникот на Центар и општинскиот Црвен крст

Пензионери со ниски примања добија пакети со прехранбени производи од градоначалникот на Центар и општинскиот Црвен крст

Скопје, 21 јануари 2026 (МИА) - Градоначалникот Горан Герасимовски, заедно со Општинската организација на Црвениот крст - Центар и Сојузот на пензионери на оваа општина, доделија хуманитарни пакети со прехранбени производи на пензионерите со ниски примања кои живеат во општината, соопштија попладнево од локалната самоуправа.

Од Општина Центар информираа дека оваа акција е дел од континуираните заложби за поддршка на највозрасните граѓани и обезбедување помош, таму каде што е најпотребна.

- Наша должност е да бидеме тука за нашите сограѓани на кои им е потребна поддршка. Оваа пракса на доделување помош ќе продолжи и во иднина, а соработката со Црвениот крст дополнително ќе ја зголемуваме преку нови проекти и услуги, ставајќи го интересот на повозрасните граѓани на прво место, истакнува градоначалникот Герасимовски во соопштението до јавноста.

Преку оваа заедничка иницијатива, како што се додава во соопштението, Општина Центар и партнерските организации потврдуваат дека грижата за социјално ранливите категории останува врвен приоритет, со план за уште поинтензивни активности во периодот што следи. бд/са/

Фото: Општина Центар

Остани поврзан