Пендаровски – Фајон: Извештајот на Европската комисија е јасен патоказ за понатамошно спроведување на домашните реформи
- Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска ја прими вицепремиерка и министерка за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, која престојува во посета на земјава, инфомира прес-служ

Скопје, 18 октомври 2022 (МИА) - Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска ја прими вицепремиерка и министерка за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, која престојува во посета на земјава, инфомира прес-службата на шефот на државата.
Претседателот Пендаровски се заблагодари за силната словенечка поддршка за македонските интеграции во Европската Унија. Соговорниците споделија мислења и информации за извештајот на Европската комисија и оценија дека тој е јасен патоказ за понатамошно спроведување на домашните реформи.
На средбата се разговараше и за предизвиците од енергетската и економска криза, војната во Украина, како и регионалната соработка, европската и евроатлантската перспектива на Западен Балкан. сх/сп/
