• петок, 27 декември 2024

Пендаровски: Ќе останам истиот претседател, на сите што живеат во Македонија

Пендаровски: Ќе останам истиот претседател, на сите што живеат во Македонија

Куманово, 14 април 2024 (МИА) - Куманово е град кој од 1941-ва до денес секогаш бил победник, град каде се ковеше македонската современа држава и каде напредните, прогресивни сили немаат изгубено 30-тина години, рече пред кумановци на градскиот плоштад кандидатот за претседател, Стево Пендаровски. Тој е убеден дека и овој пат ќе ја добие довербата на двојните избори. Зборувајќи за претходниот период, рече дека во изминативе пет и 7,5 години и за парламентарна власт направиле работи кои ниту една политичка гарнитура претходно не ги направила во историјата.

- Го решивме спорот со Грција, после 25 години преговори и станавме членка на најмоќниот воено-политички сојуз НАТО Алијансата. Тоа значи конечна „тапија“ за нашата независност, за границите, суверенитетот и за личната безбедноста за секој од вас, рече Пендаровски. 

Тој го спореди членството во НАТО со прогласувањето на независноста на државата., истракнувајќи дека безбедноста овозможува градење посреќен живот, подобра економија.

- Втората работа која ја направиме, а не беше направена 17 години наназад, е што по безмалку две децении ги отворивме преговорите со ЕУ, рече Пендаровски. Кандидатот нагласи дека се две стратешки цели, зацртани од првите политичари и се столбот врз кој се развива државата која за кус временски период може да стане просечно развиена, европска демократска држава.

- Во моментот кога ги отвориме преговорите ја завршивме првата конференција со Брисел во тој момент добивме неочекуван удар од внатре, јасно ни беше дека Р. Бугарија не сака да не види таму или сака да не види под нејзини услови а тоа значи да се откажеме од најсветото, дека сме Македонци кои зборуваат македонски јазик. Не верувавме дека од нивни политички причини главната опозициска партија ќе го закочи европскиот пат на Македонија од една единствена причина. Тие сакаат да дојдат на власт и да владеат, рече Пендаровски.

фффф

Кандидатот за претседател истакна дека никого не дискриминирал по ниту една основа во досегашниот мандат и вети дека ќе остане истиот „претседател на сите што живеат во Македонија“.

Зборувајќи за меѓуетничките односи рече дека е придобивка на досегашната политичка гарнитура, што не било за време на владеењето на опонентите. Односите се стабилизирани, што овозможило внатрешна кохезија, рече Пендаровски.

Во однос на главниот политички опонент, кандидатот за претседател Пендаровски, рече дека „блиските луѓе на Груевски не можат да водат различна политика од него која ќе ја носи Македонија кон НАТО и ЕУ“. За 11 години, како опозиција не опструирале ниту еден државнички потег, бидејќи воопшто и го немало. Обвини дека тогаш се богателе, ги делеле луѓето кои не биле членови на таа опција. Рече дека се разликуваат како „небо и земја“ со нивните политички опоненти, дека никогаш не нападнале пратеници како на 27 април, не се извиниле за тоа, дека ќе ги ослободат „насилниците“, дека креирале „монтирани процеси против новинари и политичари“

Техничкиот министер направи потег својствен за време на режимот. Новинар со камерман кој следи натпревар од висок ризик беше уапсен со специјална единица. Во наше време никогаш не се случило тоа ни како исклучок, рече Пендаровски.

Тој ги повика кумановци да не им веруваат на опонентите, зашто рече „мислат на свои интереси, не за народот“. Во говорот истакна дека првиот круг ќе ја оцрта прогресивната Македонија, колку се бројни граѓаните кои сакаат да ја видат државата стабилна и интегрирана во Европа.

- Ако на 24 направиме масовна политичка стабилизација, ве уверувам дека ќе биде обична „егзекуција“ да го завршиме процесот на 8 мај. Ве замолувам сите масовно на гласање и заокружување на бројот 1 на 24 и „второто полувреме“ и мечот да го добиеме на 8 мај, повика Пендаровски.

Одговарајќи на прашања на граѓани, кандидатот за претседател Пендаровски кажа дека ВМРО ДПМНЕ 11 години владеел со насилство и дека последниве денови рече ја засилуваат таквата реторика, бидејќи нагласи дека гледаат оти не им оди добро на терен.

Во однос на амнестија на политичари и тајни средни Пендаровски го обвини лидерот на опозицијата, Мицкоски дека му е страв од враќање на Никола Груевски, па затоа обвинува други политичари за амнестија.

- Христијан Мицкоски најголем страв му е да не се врати Груевски назад. Тој обвинува дека на тајни средби сме договарале Груевски да го враќаме назад амнестиран. Дали некој го видел Никола Груевски во Македонија: Европскиот парламент во свој официјален извештај вика со име и презиме дека Христијан Мицкоски е извор на лажни вести и дезинформации, рече Пендаровски.

Во однос на изјавата на противкандидатаката Силјановска Давкова за прифаќање на историските прашања како услов за влез во ЕУ рече дека им ја „срушила“ политичката стратегија на опонентите.

фффф

- Со таа изјава противкандидатката им ја собори целокупната политичка стратегија две години наназад. Две, две и пол години 24/7 само тоа ни кажуваат дека мора да ја прифатиме комплетно бугарската историја за да влеземе во Европа. Госпоѓата јасно и прецизно вели дека историјата не е предуслов за станете членка на ЕУ, претпоставувам дека ја критикувале после изјавата во партијата која и дава поддршка, ама сега таа е нивен избор, не сум ја наметнал јас, рече Пендаровски.

Во однос на внесувањето на Бугарите во Уставот рече дека тоа е услов.

- Дали тоа се допаѓало некому или не, тоа е сега услов. Предуслов да продолжиме и на крај да влеземе. Јас се надевам дека следниот парламентарен состав ќе има дветретини државотворни пратеници кои ќе водат сметка за твојата генерација која нема потреба да ја тераме од државата, чекајќи да станеме членка на ЕУ, да оди во Нов Зеланд, туку тука да има шанса дома да успее, да направи кариера, да формира семејство да има среќен живот, рече Пендаровски.

Тој кажа дека е важно да се креираат институции каде ќе се згрижат лицата со попреченост кои ќе добијат доживотна нега. Во однос на владеењето на правото, Пендаровски рече дека и претходно и во иднина ќе ги критикува сите кои носат закони кои не се интерес на граѓаните. ам/мч/

Фото: МИА и тим за комуникации „Нашиот претседател - Стево“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан