• вторник, 24 декември 2024

Пендаровски ќе ги прими акредитивите на новата амбасадорка на САД Прајс Агелер

Пендаровски ќе ги прими акредитивите на новата амбасадорка на САД Прајс Агелер
Скопје, 8 ноември 2022 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Анџела Прајс Агелер. На 5 август демократското мнозинство во Сенатот на Твитер објави дека Анџела Прајс Агелер е потврдена за нова амбасадорка на САД во Северна Македонија. Таа доаѓа на местото на Кејт Мари Брнз, која ја извршува функцијата амбасадорка на САД во Скопје од 2019 година. Новата амбасадорка на САД во Северна Македонија Анџела Прајс Агелер претходно има работено на разни функции во Стејт департментот, меѓу кои и во Американската амбасада во Скопје, задолжена за односи со јавност. Прајс Агелер денеска ќе оствари и протоколарна средба со претседателот на Собранието Талат Џафери.см/лв/  

Остани поврзан