• вторник, 27 август 2024

Пендаровски се сретна со специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Стјуарт Пич

Пендаровски се сретна со специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Стјуарт Пич

Скопје, 3 април 2024 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, информираат од кабинетот на Претседателот.

Двајцата соговорници размениле мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и севкупната соработка меѓу двете земји.

-Претседателот Пендаровски се заблагодари за досегашната британска поддршка и ангажман со цел унапредување на состојбите во повеќе клучни области, како и за континуираната посветеност на Обединетото Кралство на регионот на Западен Балкан, се вели во соопштението од кабинетот на Пендаровски.

Двајцата соговорници изразиле задоволство од билатералните односи меѓу двете земји и соработката во НАТО Алијансата во контекст на руската агресија и ги реафирмирале заложбите за стабилност и просперитет во поширокиот регион. сст/дма/

 

Фото: Кабинет на претседателот на РСМ

 

Остани поврзан