• вторник, 24 декември 2024

Пендаровски: Проширувањето на ЕУ мора да продолжи во пост-ковид Европа

Пендаровски: Проширувањето на ЕУ мора да продолжи во пост-ковид Европа

Скопје, 17 мај 2021 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски учествува на десеттиот јубилеен состанок на Процесот Брдо-Бриони во Словенија, на кој, како што напиша на својот фејсбук-профил, со претседателите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора, разговараат за справувување со последиците од пандемијата и економско закрепнување на регионот на Западен Балкан.

-Проширувањето на ЕУ мора да продолжи во пост-ковид Европа. Историските прашања немаат ништо заедничко со процесот на европската интеграција. Регионалната соработка е клучна за побрз напредок на земјите од Западен Балкан, напиша претседателот Пендаровски на Фејсбук. сст/дма/

Остани поврзан