• понеделник, 23 декември 2024

Пендаровски на средба со граѓанската организација „Полио Плус”

Пендаровски на средба со граѓанската организација „Полио Плус”
Скопје, 22 октомври 2020 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети граѓанската организација „Полио Плус“ и оствари средба со нејзини претставници. На средбата, како што информираат од Кабинетот на претседателот, соговорниците ја отвориле темата за имплементација на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со хендикеп. Kако што истакнале, тие  ја промовираат ефективната и целосна имплементација на Конвенцијата преку активно и координирано вклучување на заедницата со хендикеп на национално и регионално ниво, но, реакцијата на институциите, според „Полио плус” е на незадоволително ниво. Претседателот Пендаровски искажал очекување дека девет години по ратификацијата на Конвенцијата крајно време е да се имплементираат нејзините одредби, особено кога станува збор за членовите 5 и 9, односно правата на пристапност и на еднаквост и недискриминација. Претставниците на „Полио плус“ го информирале претседателот за начинот на распределба на финансиската поддршка од државата кон здруженијата на лица со хендикеп, која, како што оцениле, е неправедна. Образложувајќи дека според сегашната владина програма, средствата што се прибираат како процент од продажбата на игрите на среќа, се распределуваат само на седум сојузи на здруженија, oд „Полио плус“ очекуваат проширување на таа програма, за да бидат опфатени и организациите на лица со хендикеп и при распределбата на средствата да се следат препораките на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со хендикеп, за што претседателот Пендаровски искажал целосна поддршка. оџ/бак/

Остани поврзан