Пендаровски и Чапутова положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“
- Во рамки на нејзината официјална посета на Северна Македонија, претседателката на Словачка Зузана Чапутова и претседателот на државава Стево Пендаровски денеска положија венци на гробот на м

Скопје, 7 септември 2022 (МИА) - Во рамки на нејзината официјална посета на Северна Македонија, претседателката на Словачка Зузана Чапутова и претседателот на државава Стево Пендаровски денеска положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Пендаровски претходно во претседателскиот кабинет, на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести, ја пречека претседателката Чапутова, а по одржаната тет-а-тет средба и пленарниот состанок на официјалните делегации на двете земји, претседателите Пендаровски и Чапутова одржаа заедничка прес-конференција. хс/дма/