Пендаровски и Николовски на настан по повод завршување на изградбата на браната „Конско“
- Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска организира настан по повод завршувањето на изградбата на браната „Конско“.

Скопје, 10 март 2024 (МИА) - Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска организира настан по повод завршувањето на изградбата на браната „Конско“.
Како што е најавено, на настанот ќе присуствуваат и ќе се обратат претседателот на државата Стево Пендаровски, министерот за земјоделство Љупчо Николовски, извршниот директор на фирмата изведувач на проектот Хасан Адали и претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски.
По обраќањата, Пендаровски, Николовски, Ковачевски и Адали ќе извршат увид на браната, придружните објекти и акумулацијата на реката Конско. мч/дма/
фото: МИА архива