• понеделник, 16 декември 2024

Пендаровски: И власта и опозицијата си одмолчеа на зголемувањето на платите на функционерите од 78 отсто

Пендаровски: И власта и опозицијата си одмолчеа на зголемувањето на платите на функционерите од 78 отсто

Скопје, 19 октомври 2023 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски вечерва истакна дека час поскоро е потребно Владата да предложи законско решение со кое ќе се изврши намалување на висината на платите на функционерите, посочувајќи дека шест месеци се чека Владата да предложи решение за платите на функционерите, кои беа зголемени за 78 отсто.

Дополнително, Пендаровски во интервју за дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ21 истакна дека е потребно и опозицијата да поддржи решение за намалување на функционерските плати.

-Јас реагирав веднаш после одлуката на Уставниот суд за зголемување на платите. Јас не кажав дека одлуките на Уставниот суд не треба да се почитуваат. Станува збор за енормно зголемување, и знаеме во каква ситуација сме од војната во Украина, инфлација…, вели Пендаровски.

Тој вели дека политичарите не живеат лошо во државава.

-Побарав да се направи нешто да се сменат коефициентите по кои земаме плата, и да се нивелираат платите на ниво на држава, затоа што е недозволено директор на некое ЈП да зема 2-3 пати поголема плата од претседател или премиер. На Уставниот суд одлуката е во март, шест месеци чекаме Владата да предложи закон за намалување на платите, и не знам зошто се чека и да го усвоиме час поскоро. И да не чекаме реакции по повод одлуката на Уставниот суд. И власта и опозицијата си премолчеа, вели Пендаровски.

Очекувам, додаде претседателот, и барам намалување на 78 отсто на платите на функционерите вклучително и на мојата. нд/мд/

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан