• четврток, 26 декември 2024

Пендаровски го осуди терористичкиот напад во Москва

Пендаровски го осуди терористичкиот напад во Москва

Скопје, 23 март 2024 (МИА) – Претседателот Стево Пендаровски го осуди терористичкиот напад врз цивили што се случи вчера во„Крокус Сити Хол“ во Москва во кој според последните податоци загинаа 143 лица. 

-Најостро го осудувам терористичкиот напад врз цивили во „Крокус Сити Хол“ во Москва. Искрено сочувство до фамилиите на тие кои ги загубија најблиските. Им посакувам брзо закрепнување на повредените, напиша Пендаровски на својот фејсбук профил.вј/ев/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан