Пендаровски - Карис: Потврдена добрата соработка меѓу Северна Македонија и Естонија
- Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз, во рамки на учеството на петтиот Париски мировен форум, оствари средба со претседателот на Република Естонија, Алар Карис, на која беа потврд

Скопје, 11 ноември 2022 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз, во рамки на учеството на петтиот Париски мировен форум, оствари средба со претседателот на Република Естонија, Алар Карис, на која беа потврдени пријателството и соработката помеѓу Северна Македонија и Естонија и беше нагласено дека постои добро ниво на политички дијалог меѓу двете држави.
- Посочувајќи дека Естонија е наш долгогодишен партнер во ОН, ЕУ, НАТО и ОБСЕ, претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија високо ја цени естонската силна и гласна поддршка за македонската европска интеграција, како и соработката на меѓународните форуми. Претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашната соработка во областа на дигитализацијата и го изрази нашиот интерес да го имплементираме естонското искуство во оваа област, соопшти Кабинетот на Пендаровски.

На средбата се разговараше и за геополитичката ситуација, во контекст на војната во Украина, со осврт на состојбите и безбедносните импликации врз балтичките и балканските држави, при што двајцата претседатели ја поздравија одличната соработка во рамки на НАТО. хс/са/