Пелистер го победи Вардар во дербито на ракометната Суперлига
- Пелистер славеше во вечното дерби против Вардар со 35-33 (22-13) во 15. коло од ракометната Суперлига

Битола, 14 декември 2024 (МИА) - Пелистер славеше во вечното дерби против Вардар со 35-33 (22-13) во 15. коло од ракометната Суперлига.
Вардар имаше катастрофално прво полувреме по кое имаше негатива од девет гола. Во второто полувреме „црвено-црните“ се разбудија, па на крајот стигнаа и до минус еден негатива (34-33). Сепак, Радивојевиќ постигна важен гол за 35-33, а гостите направија грешка која на крајот им донесе победа на битолчани.
Натпреварот со 13 реализации го заврши Богдан Радивојевиќ, а кај битолчани осум постигна Кузмановски. Во таборот на Вардар со девет гола се истакна Младен Крсманчиќ, додека Стефан Петриќ постигна шест.
Вардар и Пелистер имаат по 26 бодови по 15 одиграни кола, додека на чело е Алкалоид со 28 поени. Оваа победа сепак не беше доволна за шампионот да стекне подобар меѓусебен дуел од скопскиот тим. дс
Фото: Принтскрин