• недела, 29 декември 2024

Пелегрини: Нападот врз Фицо е закана без преседан за словачката демократија

Пелегрини: Нападот врз Фицо е закана без преседан за словачката демократија

Братислава, 15 мај 2024 (МИА) - Новоизбраниот словачки претседател, Петер Пелегрини, попладнево го осуди нападот врз премиерот Роберт Фицо како „закана без преседан за словачката демократија“, јави ДПА.

-Ако политичките мислења ги искажуваме со пушки на јавните плоштади, а не на избирачките места, го загрозуваме сето она што го изградивме заедно во 31 година независност на Словачка, предупреди социјалдемократскиот политичар.

По нападот врз словачкиот премиер Пелегрини попладнево го откажа веќе закажаното патување во странство.

Пелегрини се смета за близок соработник на Фицо, иако пред четири години тој се повлече од партијата на Фицо-Смер и ја основаше својата партија –Хлас, потсетува ДПА.

Во април Пелегрини победи на претседателските избори и во јуни ќе ја наследи либералната претседателка во заминување Зузана Чапутова.

Словачката Република стекна независност во 1993 година со поделбата на Чехословачка, потсетува ДПА. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан