• сабота, 23 ноември 2024

Пелегрини во болница кратко разговарал со Фицо, чија состојба останува многу сериозна

Пелегрини во болница кратко разговарал со Фицо, чија состојба останува многу сериозна

Братислава, 16 мај 2024 (МИА) - Новоизбраниот словачки претседател Петер Пелегрини денеска изјави дека во болницата во Бањска Бистрица  разговарал со застреланиот премиер Роберт Фицо, чија состојба се уште е многу сериозна, пренесоа светските агенции.

Пелегрини, исто така, изјави дека се надева оти Фицо во следните денови ќе ја врати способноста за донесување одлуки, но во меѓувреме неговите должности ќе ги извршува неговиот заменик, вицепремиерот и министер за одбрана Роберт Калинак, пренесе Гардијан .

-Може да зборува, но кажа само неколку реченици, а потоа се почувствува многу уморен бидејќи е под седативи, изјави Пелегрини на прес конференција што ја одржа заедно со актуелната претседателка на Словачка, Зузана Чапутова . 

Двајцата денеска ги повикаа сите луѓе, партии, и здруженија во земјата да направат се за да се смират тензиите во општеството по атентатот врз премиерот Фицо.

Идниот претседател на Словачка е политички сојузник на премиерот.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан