• среда, 25 декември 2024

Пелагониските земјоделци ја подготвуваат почвата за сеидба на рани пролетни култури

Пелагониските земјоделци ја подготвуваат почвата за сеидба на рани пролетни култури

Битола, 2 март 2023 (МИА) - Во битолскиот дел на Пелагонија се подготвува почвата за сеидба на раните пролетни култури, а тутунопроизводителите почнаа со производство на расад.

Според мартовскиот земјоделски календар на Агенцијата за развој и поттикнување на земјоделството со седиште во Битола, во овој период се врши подготовка на азотни ѓубрива и механизацијата за прихрана на есенските посеви, посебно на житните култури кои се најмногу истоштени од зимскиот период, со исцрпени резерви од јаглени хидрати и поради тоа имаат потреба од лесно апсорбирачки азот.

-Во овој период од годината се врши подготовка на почвата за сеидба на раните пролетни културиВо тек e, или привршува прихранувањето на есенските култури, а истовремено се врши сеидба на луцерка, додека во втората половина од месец март ќе се сее сончоглед. За овој дел од Пелагонија карактеристично е и одгледувањето на тутунот, и тоа вклучува два агротехнички периоди, производство на расад и одгледување на нивата. Производството на расад се организира во или блиску до населено место, на рамни, оцедни, заштитени од ветер, топли и плодни почви. Тутунскиот расад се одгледува на леи покриени со најлон. Подготовката на семето бара дезинфекција и `ртење. Сеењето на леи се врши токму во текот на месец март, велат за МИА, агроексперти од битолскиот дел на Пелагонија.

Активни се и градинарите кои се подготвуваат да садат домати, пиперки, модар патлиџан, праз, а на отворено ќе се сее и грашок. мт/лв/

Фото: МИА

Остани поврзан