• среда, 27 ноември 2024

Пекрес бара донации по тешкиот пораз на претседателските избори

Пекрес бара донации по тешкиот пораз на претседателските избори

Париз, 11 април 2022 (МИА) - Француската конзервативна кандидатка Валери Пекрес денеска побара донации за нејзината кампања „за опстанок на републиканската десница“, еден ден откако беше поразена во првиот круг од претседателските избори.

„Итно ми треба вашата помош до 15 мај за да се избалансира финансирањето на оваа претседателска кампања“, рече Пекрес во Париз, опишувајќи ја тешката финансиска ситуација. „Станува збор за опстанокот на републиканците“, рече 54-годишната кандидатка и додаде дека должи пет милиони евра. Речиси сите гласови на изборите се преброени, а Пекрес освои само 4,8 отсто. Доколку резултатот бил над пет отсто, таа би имала право на државен надомест до седум милиони евра. Поранешната министерка и претседателка на Регионалниот совет на Ил-де-Франс беше првиот републикански кандидат. Таа водеше кампања за миграциски квоти, децентрализација, намалување на бирократијата и намалување на јавната потрошувачка. Предизборните анкети предвидуваа дека ќе освои меѓу 8,5 и 10 отсто од гласовите. паг/    

Остани поврзан