• недела, 28 јули 2024

Пежо 404 Клуб Македонија организира изложба на олдтајмери по повод денот на жената 8 Март

Пежо 404 Клуб Македонија организира изложба на олдтајмери по повод денот на жената 8 Март
Скопје, 8 март 2022 (МИА) – Клубот Пежо 404 Македонија по повод денот на жената 8 Март организира изложба на олдтајмери со наслов „Елеганција во движење на тркала и штикли“. Настанот ќе се одржи на платото пред „Сити мол“ со почеток во 13 часот. - Како и секоја година така и оваа во текот на годината нашиот клуб Пежо 404 Македонија заедно со истомисленици од други клубови организираме настани во градот Скопје, како и неколу целодневни рути низ Македонија. Ке бидат поставени 30-тина возила, мини шанк и бина на која мегу другите песни нашиот најстар член и доаен на македонската музика Томислав Манич ќе ја изведе и „Црвени рози за вас мадам”. При што за понежниот пол ќе бидат поделени цвеќиња и пригодни подароци, информираат од Пежо 404 Клуб Македонија. Клубот е здружение на граѓани кое е оформено со цел зачувување на историското наследство од областа на автомобилизмот, едукација на љубителите, негова афирмација и приближување на реставрирани возила постари од 35 години (олдтајмери) кон сите заинтересирани љубители и симпатизери на оваа икона на француската мотоиндустрија. зс/

Остани поврзан