Педро: Имам многу понуди, немам разговарано со Челзи за нов договор
- грачот од средниот ред на Челси, Педро, чиј договор истекува ова лето, зборуваше за изгледите за останување во клубот.
Лондон, 3 мај 2020 (МИА) - Играчот од средниот ред на Челси, Педро, чиј договор истекува ова лето, зборуваше за изгледите за останување во клубот.
- Ситуацијата со коронавирусот влијае на сè, па сега чекам средба со раководството на Челзи. Знам дека договорот истекува, но сè уште не разговаравме дали ќе биде продолжен. Со нетрпение очекувам да го видам ставот на клубот, но и отворен сум за други предлози. Во меѓувреме, имам за цел да го исполнам договорот до крај.
Имам многу понуди од различни места и ќе размислам што да правам следно. Вистината е, не знам што ќе се случи следно, изјави Педро.
Претходно беше објавено дека 32-годишниот Шпанец може да оди во Рома. зс/