Педро го најави своето заминување од Челзи
- Напаѓачот на Челзи, Педро го најави своето заминување од клубот. Шпанецот играше за „Сините“ пет години.

Лондон, 10 август 2020 (МИА) - Напаѓачот на Челзи, Педро го најави своето заминување од клубот. Шпанецот играше за „Сините“ пет години.
- По пет прекрасни години, мојата етапа во Челси заврши. Голема благодарност до управата на клубот, тренерите и соиграчите за времето поминато со нив. Тука секако се и навивачите. Бев многу среќен во Лондон, а Челзи ме натера да се чувствувам како дома.
За мене беше огромно задоволство и чест да играм за овој клуб и да освојувам титули, како и да играм во една од најдобрите фудбалски лиги во светот, напиша Педро на Инстаграм. зс/