• вторник, 17 декември 2024

Педри закрепна од повредата и е подготвен за стартот на сезоната во Ла Лига

Педри закрепна од повредата и е подготвен за стартот на сезоната во Ла Лига

Барселона, 17 август 2024 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Педри се закрепна од повредата, објави прес-службата на каталонскиот клуб.

Дваесет и едногодишниот играч за врска ќе биде на располагање за натпреварот против Валенсија во првото коло од шпанската Ла Лига. 

Средбата ќе се одигра вечер со почеток од 21:30 часот на „Местаља“ во Валенсија.

Педри заработи повреда на коленото на натпреварот на Шпанија против Германија (2:1) на Евро 2024 и го пропушти остатокот од првенството. зс/

Фото: Твитер

Остани поврзан