• сабота, 16 ноември 2024

Педесет и седум санкционирани возачи на мотоцикли во Скопје

Педесет и седум санкционирани возачи на мотоцикли во Скопје
Скопје, 7 мај 2022 (МИА) - Педесет и седум возачи на мотоцикли се санкционирани денеска во акциска контрола на територијата на СВР Скопје. Како што соопшти МВР 28 од нив не користеле заштитна кацига за време на возење, 12 возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци. -Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се наведува во соопштението. ац/  

Остани поврзан