• среда, 27 ноември 2024

Педесетгодишен затвореник пронајден мртов во „Идризово“, нема видливи траги на насилство

Педесетгодишен затвореник пронајден мртов во „Идризово“, нема видливи траги на насилство

Скопје, 6 јуни 2023 (МИА) - Педесетгодишен затвореник од Скопје, кој издржувал казна затвор од 11 години, бил пронајден починат во полуотвореното одделение од Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

- На 06.06.2023 во 03.55 часот во СВР - Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ било пријавено дека во просторија во полуотвореното одделение бил пронајден починат затвореникот В.Л. (50) од Скопје, кој издржувал казна затвор од 11 години. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, стои во соопштението од МВР.  ар/сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан