• петок, 05 декември 2025

Пашињан на тристрана средба со Кошта и Фон дер Лајен во Брисел

Пашињан на тристрана средба со Кошта и Фон дер Лајен во Брисел

Брисел, 14 јули 2025 (МИА) - Во Брисел започна тристрана средба меѓу премиерот на Ерменија, Никол Пашињан, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Од ерменска страна на средбата учествуваат вицепремиерот Мгер Григорјан, министерот за надворешни работи Арарат Мирзојан, министерот за правда Сербухи Галјан, министерката за внатрешни работи Арпине Саркисјан, заменик-министерот за надворешни работи Вахан Костањан и амбасадорот на Ерменија во ЕУ, Тигран Балајан.

На средбата присуствуваат и специјалната претставничка на ЕУ за Јужен Кавказ, Магдалена Гроно, амбасадорот на ЕУ во Ерменија, Василис Марагос, и други официјални лица. ссм/

фото: архива

Остани поврзан