• сабота, 06 декември 2025

Пашинијан најави оставка од премиерската функција

Пашинијан најави оставка од премиерската функција
Ереван, 28 март 2021 (МИА) - Премиерот на Ерманија, Никол Пашинијан денеска изјави дека планира да поднесе оставка во април, а оти ќе ги извршува своите должности до предвремените парламентарни избори, што се закажани на 20 јуни. Предвремените избори се организираат поради политичката криза што настана по минатогодишниот пораз на Ерменија во конфликтот со Азербејџан за енклавата Нагорно-Карабах. Ерменската опозицијата го прогласи Пашинијан за предавник затоа што потпиша мировен договор со Азербејџан за прекин на воените дејствија во Нагорно-Карабах. Опозицијата повеќе недели протестираше и бараше негова оставка. Пашинијан во февруари предизвика незадоволство кај граѓаните со разрешување на неколку високи воени функционери, обвинувајќи ги дека подготвувале воен удар. Тој беше избран за премиер по протестите против корупцијата во 2018 година. ми/

Остани поврзан