• сабота, 06 декември 2025

Пашинијан: Демонстрантите ќе бидат строго казнети

Пашинијан: Демонстрантите ќе бидат строго казнети
Ереван, 10 ноември 2020 (МИА) - Сите поттикнувачи на денешниот протест во Ереван ќе бидат строго казнети, објави ерменскиот премиер Никол Пашинијан на Фејсбук. „Некои од провокаторите беа во Карабах, но поради некоја причина ги напуштија своите позиции и избегаа оттаму. Повеќето од оние што избегаа сега се тука. Можам да им порачам дека сите иницијатори на демонстрациите ќе бидат строго казнети", напиша Пашинијан. Претходно тој објави дека претседателот на ерменскиот Парламент Арарат Мирзојан беше повреден од демонстрантите во протестите во центарот на Ереван. Арарат Мирзојан беше претепан од некои ѓубриња. Сега е опериран, ништо не го загрозува неговиот живот”, напиша Пашинијан. паг/  

Остани поврзан