• среда, 25 декември 2024

Пациентка која се испитува дали има коронавирус избегала од болница во Австрија

Пациентка која се испитува дали има коронавирус избегала од болница во Австрија
Виена, 5 февруари 2020 (МИА) - Пациентка, за која постои сомневање дека е заразена со коронавирус, избегала од одделението за изолација во болница во Салцбург. Болницата ја информирала полицијата, која веднаш започна потрага по пациентката и за кратко време ја пронајде на домашна адреса.
Во попладневните часови треба да бидат завршени анализите и да се знае дали е заразена со вирусот.
Во текот на вчерашниот ден била донесена во болницата со возило на итна помош, а ноќеска ја напуштила здравствената установа без одобрение на медицинскиот персонал.
Жената на 7 јануари патувала од Тајван за Нов Зеланд, а неодамна се вратила во Австрија.
За време на летот кон Австрија почувствувала проблеми со дишењето, поради што повикала итна помош. Таа била пренесена со специјално опремено возило, поради сомнежот да не е заразена од коронавирусот. паг/

Остани поврзан