Пауза во Комисијата за прашања на изборите и именувањата, се интервјуираат кандидатите за членови на Комисијата за заштита од дискриминација
- Во Комисијата за прашања на изборите и именувањата во тек е кратка пауза откога претходно беа сослушани осум кандидати за членови на Комисијата за заштита од дискриминација. Пријавени се вкупно 14 кандидати.
Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) - Во Комисијата за прашања на изборите и именувањата во тек е кратка пауза откога претходно беа сослушани осум кандидати за членови на Комисијата за заштита од дискриминација. Пријавени се вкупно 14 кандидати.
Меѓу пријавените, има кандидати со завршен Правен факултет, искуство во правосудството и во областа на човековите права, а има и такви што веќе работат во Комисијата за заштита од дискриминација.
Пријавените кандидати, по претставувањето, одговараат на прашања од пратеници и претставници на невладини здруженија.
За член на Комисијата може да биде избрано лице кое е државјанин на Република Северна Македонија, кое има 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на образование и минимум седум години работно искуство од областа на човековите права, од кои пет во областа на еднаквоста и недискриминацијата и да не е носител на функција во политичка партија.
По паузата, треба да бидат интервјуирани уште шест кандидати. бак/вг/
Фото: Принтскрин