• недела, 01 септември 2024

„Патфајндерс“ го објави календарот на зимски искачувања на познати врвови во Малешевијата

„Патфајндерс“ го објави календарот на зимски искачувања на познати врвови во Малешевијата
Берово, 3 февруари 2022 (МИА) - Беровското здружение „Патфајндерс" го објави календарот на зимски искачувања на познати врвови во Малешевијата. Првиот врв кој е на агендата на беровските авантуристи е „Иљов Врв" на 1801 метар надморска височина.
- Со голема чест и задоволство на љубителите на планината и спортскиот дух го претставуваме календарот за викенд активности за периодот кој ни претстои. Започнува со искачување на Иљов Врв во недела на 6 февруари за што упатуваме отворена покана до сите добронамерници, љубители на планината и природата и авантуристи да земат учество во овој зимски поход, истакнаа од Патфајндерс.
Според предвиденото, во периодот февруари - март, планирани се и искачувања на врвовите Петлец, Клепало, Планиница, Сосна, Ченгино Кале, Кадиица и делчевски Голак.
- На оние кои ќе решат да ни се придружат во искачувањето на овие врвови, гарантираме прекрасна дружба и длабоки воздишки во убави моменти, посочија од беровското здружение.
Патфајндерс е Здружение за планински спортови, туризам и млади „Патфајндерс“ формирано во ноември 2020 година, со главни активности насочени кон промовирањето на планинарството велосипедизмот, кампингот и офф роуд авантурите во Малешевијата преку активирање на младите кон овие спортови. вс/фф/

Остани поврзан