„Патување пеш“ од Тамара Котевска од денеска во „Синеплекс“
- Документарецот „Патување пеш“ на Тамара Котевска од денеска ќе се прикажува во киното „Синеплекс“ во Скопје.

Скопје, 13 март 2025 (МИА) - Документарецот „Патување пеш“ на Тамара Котевска од денеска ќе се прикажува во киното „Синеплекс“ во Скопје.
Филмот претходно освои Гран При за најдобар документарен филм на фестивалот Олимпија во Грција, и учестваше на Фестивалот за документарни филмови Fipadoc во Франција.
-Овa е филм за Амал, кукла висока 3 метри која претставувајќи бегалка, патува преку сириската граница во Турција, а потоа и низ Европа, во обид да го најде својот дом. Мешавината од синема-верите и фантастични, делумно скриптирани сцени создаваат извонредна бајка за возрасни, но истовремено и емотивен портрет на животот на бегалците, се вели во соопштението за филмот.
Главен продуцент на „Патување пеш“ е Grain Media од Англија, а како македонски копродуцент се потпишува ОХО Продукција. Филмот е поддржан од Агенција за филм на Република Северна Македонија.бт/са/
Фото: МИА Архива