Патнички воз излета од шините во северна Норвешка, загина најмалку едно лице
- Според норвешката телевизија ТВ2, најмалку едно лице загинало, а има и повредени, иако точниот број сè уште не е објавен.

Осло, 24 октомври 2024 (МИА) - Патнички воз со околу 70 патници излета од шините во северна Норвешка, јавија локалните медиуми, повикувајќи се на полицијата и железничката компанија СЈ (SJ).
Според норвешката телевизија ТВ2, најмалку едно лице загинало, а има и повредени, иако точниот број сè уште не е објавен.
Компанијата СЈ соопшти дека биле продадени 90 билети за возот што патувал по северниот брег на Норвешка, но сè уште не е потврдено колку патници биле во моментот на несреќата. Според новинската агенција НТБ, во возот имало „помеѓу 50 и 70 патници“ кога се случил инцидентот.
Фотографии објавени во норвешките медиуми покажуваат локомотива накривена на едната страна, а според медиумите, пет вагони излетале од шините.
„Арктичкиот експрес“ патувал од градот Трондхајм до северниот град Бодо. ссм/
фото: ЕПА