• сабота, 23 ноември 2024

Патничкиот сообраќај на лондонскиот аеродром Хитроу опадна за 73 проценти

Патничкиот сообраќај на лондонскиот аеродром Хитроу опадна за 73 проценти
Лондон, 11 јануари 2021 (МИА) - Најпрометниот британски аеродром „Хитроу“ забележа пад од 73 отсто во бројот на патници во 2020 година поради ограничувачките мерки воведени за борба против пандемијата на Ковид-19. Според денешното соопштение на овој лондонски аеродром, годишниот обем на товарниот сообраќај исто така падна за 28 проценти, бидејќи намалувањето на бројот на летови на патнички авиони истовремено го намали расположивиот простор за превоз на стока. „Хитроу“ соопшти дека бројот на патници е намален за 83 проценти во декември минатата година, откако многу земји ја „спуштија рампата“ на летовите од и кон Велика Британија поради избувнувањето на нов вид коронавирус, што принуди милиони патници да ги откажат плановите. Како што е наведено, на тој начин, „Хитроу“ заврши една мрачна година, во октомври ја загуби титулата најпрометен аеродром во Европа, препуштајќи ја „круната“ на парискиот аеродром „Шарл де Гол“. паг/  

Остани поврзан